Технологија

Амазон има 5.000 луѓе што работат само на Алекса

Ова не се луѓе седнати во масовен хангар па склопуваат и пакуваат уреди на Амазон, туку екипата која работи на развивање на виртуелниот асистент Алекса (Сири на Амазон).

Најдобриот Ајфон што не треба да го купиш

Консензусот околу Осмицата сведен на еден твит, гласи: Ајфон 10 всушност е Ајфон 8. Осмицата постои само за да ја оправда цената од 1.000 долари за 10-ката. Дрво едно, купи репариран Ајфон 6-за за 200 долари.

Гугл го купи хардверскиот тим на ХТЦ за 1,1 милијарда долари

Во средата ХТЦ ненадејно објави дека привремено го прекинува тргувањето на своите акции на берзата во Тајван. Еден ден подоцна Гугл објави дека потпишале 1,1 милијарда долари вреден договор за купување на тимот на ХТЦ кој до сега работеше на Пиксел.

Твоите апликации те прават мизерен

Не постои една единствена апликација за смартфон која прави подобро да се чувствуваш ако на нејзе трошиш повеќе време, отколку помалку. Вклучително ни апликации за музика.

Маск бара забрана на роботите убијци

Технологијата сама по себе е неутрална но некогаш треба да се повлече линија. Со робот, на пример, тешко е људски да се разбереш, особено ако има пушка во рака и е програмиран да ги потепа сите кои сакаат да се разберат со него.

Ден на дронот

Како замена за легии административци што од нивната неонска со ламинат поплочена природна средина ќе ги вадиш на воздух и дневна светлина, американски старт-ап нуди флота дронови кои имаат капацитет да засадат 100.000 дрвја на ден.

Оправдание за Ајфон од 1.400 долари

Епл во септември освен стандардните два нови модела на Ајфон, ќе презентира и трет уред, ултра-делукс модел по повод 10-годишнината од првиот Ајфон. Аналитичарите очекуваат овој модел да има ОЛЕД екран, 3Д слика и скенер на ретина, и да чини меѓу 1.000 и 1.400 долари.

Микрософт го гаси Пеинт

Над 3 децении стариот артефакт од првите денови на Виндоус се најде на списокот елементи на Виндоус 10 кои или ќе бидат отстранети или повеќе нема да бидат развивани.

Роботите почнале да си муабетат

АИ програми на Фејсбук спонтано развиле јазик со кој си муабетеле меѓусобно. Точно е дека ова би била суперкорисна технологија, ама шубе некако. 

Зошто Ајфон не може да биде составуван во Америка

Чаршиската логика е "затоа што Кинезите работат за рака ориз" и не можеш да се тркаш со нив. Екселот друго покажува, на работна сила отпаѓаат само околу 2% од вкупните трошоци за производство.

Допрва има да се нагледаме лажни вести

Во целата гужва по изборот на Трамп, и кој сè им е крив на Демократите за неговата победа, во американските медиумите се појави Франсоаз Арди, француска пејачка од крајот на 1960-те, која ни крива ни должна беше претставена како следниот чекор во еволуцијата на тоа како сè Велешани можат да и наштетат на американската империја.

'Дигиталниот' Јункер нема смартфон

Шефот на Европската комисија деновиве визионерски предвиде дека иднината на човештвото е дигитална. Нешто подоцна, Жан Клод Јункер призна дека никогаш во животот немал смартфон.

Скапавме на мобилни

Во 2016 човештвото, барем делот со мобилни, има потрошено 1600 милијарди часови на користење мобилни апликации, и за некоја година ова ќе биде многу повеќе.

На која возраст дете треба да добие смартфон?

Во Колорадо во процедура за референдумско изјаснување влезе иницијатива за забрана на користење на смартфон на деца помлади од 13 години. Така е кога веруваш дека државата треба да ти ги реши родителските прашања.

ЦИА 10 години хакира и контролира домашни рутери

Линксис, Длинк и Белкин се дел од производителите чии рутери за домашно користење рутински биле пробивани од ЦИА и претворани во точки за прислушување на американската шпионска агенција, која благодарејќи на својот софтвер можела да го следи и манипулира целиот сообраќај што доаѓа и излегува од твојот рутер.

Американски разузнавачи се обиделе со мито да го хакнат Телеграм

Рускиот основач на безбедната апликација за енкриптирани пораки, Телеграм, објави дека американски разузнавачки агенции се обиделе директно да поткупат двајца програмери што работат на апликацијата, кои за возврат требало да ја олеснат енкрипцијата со што директно би ја направиле комуникацијата полесна за следење.

Што сè излезе на првиот ден од Гугл I/O

Андроид О, Гугл ленс, печатени фото-албуми, попаметни апликации за по дома, виртуелна реалност, ама не и нов смартфон. Барем не за сега.

Многу поважната сторија околу "смртта на мп3" што беше пропуштена

Веста е дека луѓето што го одржуваат мп3 форматот објавиле дека се откажуваат од него. Ова може да биде толкувано на два начина, и беше толкувано на погрешниот.

Епл не работи на автомобил туку на нешто многу поголемо?

Иако многумина се убедени дека Епл работи на свој автомобил, според апетитите на една таква компанија, на Епл му личи да гледа „надвор од (возачката) кутија“. 

Елон Маск ја издига на клоци идејата за летачки коли

И после повеќе од 100 години автомобили на планетава, растење со нив и детално познавање на најбазичните правила околу нив, пак не ти е сеедно кога минуваш пешачки. Е сега, замисли ја константната нервоза кога истите тие коли и понатаму постојано би шишкале ама сега над тебе.

Соковникот од 400 долари што е поразен од гола рака

Вон сите очекувања, ама силно потпрен на ветувањето за здрав живот, минатата година еден од најдобро финансираните стартапи за апарати за домаќинство беше Џусеро инк. Производителот на соковник за свежо цедени сокови од кесичка.

А сега, Тесла пикап и камион

Освен регулар автомобили и џипови (кои речиси да немаат ништо регулар во себе), Елон Маск најави дека Тесла е на само неколку месеци од електричен пикап, а ќе има и камион.

Доаѓаат куршуми кои знаат да пливаат

Без разлика на калиброт, досегашните куршуми беа неупотребливи под вода во која брзо ја губат силата. Ама не, и тоа го смислиле, да можеш во природна средина да се испоубиеш со душмански одред нуркачи.

Толку беше од роамингот

Од средината на јуни, жителите на ЕУ ќе можат да го користат мобилниот телефон вон својата земја по иста тарифа како и дома. По гласање во ЕУ парламентот е тргната и последната пречка за укинување на роамингот.