Теориите за заговор кои го поврзуваат ширењето на ковид-19 со ширењето на 5Г доведоа до палење на антени од мобилната телефонија во 10 европски држави, и повеќе напади врз техничари за мобилна мрежа во изминативе месеци.
„Иако мнозинството Европејци се позитивни кон 5Г, 10% од анкетираните имаат негативни ставови кон технологијата. ИПСОС исто така тестираше некои 5Г митови и откри дека иако мало мнозинство верува во нив, значителен број Европејци не се сигурни дали тие се неточни,“ објаснуваат од ЕТНО.
Иако овие најзакоравените анти-5Г воини и не се така загрижувачки, за ЕТНО многу попроблематично е што секој втор анкетиран не бил сигурен дали 5Г има негативно влијание врз животната средина и дали 5Г радијацијата им штети на пчелите.
„Студијата покажува јасна потреба за дополнително аргументирање на предностите на 5Г освен едноставното ’побрза и подобра’ конекција,“ порачуваат од ИСПСОС кои го спроведуваат истражувањето за ЕТНО.