Околу 80% од мобилниот сообраќај во Норвешка минува низ Теленор, па компанијата во секое време знае каде се наоѓа речиси секој Норвежанец.
„Трикот е да знаеш како се движи популацијата како целина, па ако знаеш како се движи популацијата ќе можеш да разбереш и популацијата како се движи низ земјата, или низ континенти,“ објаснуваат од Теленор.
Норвешкиот институт за јавно здравје потоа бројките од Теленор ги комбинира со други податоци, како бројки за хоспитализирани случаи, и бројки за „увезени“ случаи, за да ги добие информациите и предвидувањата околу коронавирусот кои им се потребни.
Предвидувањата главно се вршат се следните 3 недели, за властите да можат со време да интервенираат и да ги снабдат неопходните кревети, персонал и медицинска опрема, на регионите во кои очекуваат ширење на заразата.
За целата работа да не мутира во непотребно следење на норвешката популација, компанијата испраќа податоци само за групи од над 20 луѓе, што прави да е речиси невозможно потоа секој од тие 20 од ново да се ре-идентификуваат за други не така филантропски потреби.