За разлика од претходните возила (Модел 3) депозитот што го бара Тесла е намален од 1.000 на 100 долари. Во пракса ова значи дека Тесла со само една презентација и еден единствен функционален модел на својот пикап успеа да собере купче од 20 милиони долари во кеш.
Стотчето само ти држи место во редот за нарачка, ама не ти гарантира и пикап. Допрва треба да бидат отворени нарачките, кога регистрираните ќе треба со поголема сума да ја потврдат својата сериозност.
Од регистрираните, само 17% се запишале за основниот модел (39.900 долари), 42% го избрале моделот со два мотора (49.900 долари), а 41% ја избрале варијантата со три мотори (69.900 долари).
Производството на Сајбертрак треба да почне некаде кон крајот на 2021.
Сајбертрак настанот во 5 минути: