Кинескиот гигант нема да смее да снабдува никаква опрема за британската 5Г програма, нешто што директорите на Хуавеи го дознаа од првиот човек за дигитал, култура, медиа и спорт на британската влада, Оливер Дауден, во живо на телевизија без никаков претходен брифинг.
„Не бевме однапред известени. Не ги знаевме деталите на соопштението се додека Дауден не излезе на телевизија.
Тоа не беше само уште еден работен ден. Имавме вистински тешка седмица.
Ова беше 20 месечна кампања организирана од владата на САД против Хуавеи заради што ние сме исклучени од американскиот ланец на снабдување, пропагандна кампања со персонални напади и валкани досиеја.
Ние станавме боксерската вреќа за глобалната геополитичка и макроекономска борба,“ изјавува директорот за комуникации на Хуавеи, Ед Брустер.
По ново, британските телеком оператори мора да ги отстранат сите компоненти на Хуавеи од 5Г мобилната инфраструктура до 2027, а од јануари 2021 забрането им е да купуваат производи од компанијата. Процената на експертите е дека британските муштерии на Хуавеи нема да ја чекаат Нова година, туку веднаш ќе ги прекинат нарачките.
Додека Брустер зборува како ќе комуницираат со британската влада и да се обидат да ги натераат повторно да ја размислат својата позиција, претседателот на британскиот комитет на одбрана, Тобијас Елвуд, порачува „не, нема никаква“ околу иднината на Хуавеи во Британија.
Истиот овој Елвуд признава дека американските санкции на Хуавеи одиграле улога, бидејќи тоа значело дека која било британска компанија што соработува со Кинезите нема да може да работи во САД. Сепак за него многу поголема пречка биле „господарите на Хуавеи“, кои според Елвуд се кинеската држава и Комунистичката партија.
Процената е дека останатите европски земји се тешеле со Британија, сметајќи дека ако има некаква опасност од користење на опремата на Хуавеи и ако таа биде злоупотребена, тогаш и тие ќе се снаоѓаат како што се снаоѓа Британија. Сега откако Британија го блокираше Хуавеи очекувањата се дека и тоа ќе се рашири и низ Европа.
Сега опциите што и стојат на располагање на Британија за 5Г, се Нокиа и Ериксон, кои се единствени европски компании со 5Г технологија, или корејски Самсунг и јапонски Фуџитсу.
А за Хуавеи во Британија не останува многу што може да направи.
„Внатрешно, нема постапка што тие можат да ја направат како одговор на ова. Нема ништо што Хуавеи може да преземе бидејќи ова е политичка одлука. Мислам дека Хуавеи главно се чувствува конфузен. Секако дека ова е удар. Но целата работа е поголема од Хуавеи,“ порачува 5Г аналитичарот од АБИ рисрч, Димитрис Мавракис.