Бизнис

Како Дојче банк помогна да се извадат милијарди долари од Русија

Секој викенд од есента 2011 до 2015, рускиот брокер Игор Волков се јавува во одделот за капитал во седиштето на Дојче Банк во Москва. Врши две симултани трансакции.

Колатерален ќар од милионски размери

Бизнис светот неделата ја почна со информацијата дека Волмарт го купува конкурентот на Амазон, Џет (jet.com), за над 3 милијарди долари. Тука некаде и кулминира приказната за 29-годишниот Ерик Мартин, кој од понеделникот стана милионер.

Германија заработи над милијарда евра од пари што ги должи

Издавањето обврзница се базира на тоа дека на тие што и дале пари на државата кога и требало, кога ќе дојде време за наплата парите ќе им бидат вратени со камата. Ама ако си Германија можеш да издадеш обврзница со негативна камата, што значи дека инвеститорите ќе добијат помалку пари отколку што дале за да ја купат обврзницата.

Шведската кокошка на Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед неделно ќе заработува 240.000 евра. Од друга страна Јунајтед во првата седмица од потпишувањето на Ибрахимовиќ заработи 90 милиони евра од продавање на негови дресови.

Акциите на Нинтендо издишаа откако сите сфатија дека Покемон и Нинтендо не се исто

Од појавата на Покемон Го акциите на Нинтендо стрмоглаво пораснаа, а вредноста на компанијата се зголеми за два пати и изнесуваше фантастични 42,5 милијарди долари. Бајката почна да се распаѓа во петокот кога Нинтендо и официјално објави (и повтори) дека поседува само 32% од Покемон Го.

Кинеските смартфони стануваат премногу добри

Кинез со месечна плата од околу 1.000 долари, меѓу Ајфон 6С од 750 долари и сосема пристоен Хуавеи од 300 долари речиси редовно се одлучува за втората опција, и ова е проблем за Епл бидејќи работите само стануваат полоши за нив како што се симнува границата на примања.

Бричевите од еден долар купени за една милијарда

Во 2011 двајца дечки се наоѓаат на муабет колку непотребно скапи се бричевите на големите компании. И решаваат да ги реметат понудувајќи евтина алтернатива која ја стартуваат со едно ултра ефектно видео. Пет години подоцна, фирмата им ја купуваат за милијарда долари.

Германците никако да раскинат со марката

Жителите на Германија по дома во метал и хартија се уште имаат германски марки во вредност од над 12 милијарди или во денешни пари 6,53 милијарди евра.

Спасот на американскиот "загубар"

Хостес е компанијата што го произведува Твинкис, едно од најамериканските јадења со нутриционистичка вредност на ниво на смоки. Без разлика на својот статус во американската исхрана компанијата мораше да банкротира, за дури потоа да се спаси со две ни најмалку фини, ни најмалку популарни мерки.

На Шпанија и фалат работници, при 5 милиони невработени

Траумите на шпанските фирми за посредување при вработување е дека во земја со 5 милиони невработени (20,4%), тие на своите клиенти мораат да им наоѓаат работници дури од Аргентина. Не е дека Шпанците се мрзливи, туку најчесто не се квалификувани.

Претплатниците на Т-Мобиле стануваат акционери на Т-Мобиле

Секој постпејд претплатник на Т-Мобиле (САД) добива по една гратис акција од компанијата, како дел од програмата за награди "Stock Up". Програмата има и мултилевел елемент, па тој што ќе донесе нов претплатник, добива уште една акција од компанијата, максимум до 100.

Адидас го аутсорсираше производството од Кина во Германија

По две децении откако ги затвори фабриките во Германија и го пресели производството во Азија и посебно Кина, Адидас реши дека сега сè враќа назад. Кој е може да има поевтина работна рака од Кинез? Робот.

Баер понуди 62 милијарди долари за Монсанто

Доколку се прифати понудата, германскиот гигант во индустријата со хемикалии и лекови, ќе ја надополни својата дејност со доминација на светскиот пазар за семиња и земјоделски производи.

Патриот на данок се познава

Тоа што директорите на финската компанија Суперсел, авторите на Клеш оф Кланс, одлучуваат да покажат највисокото ниво на корпоративна благодарност кон државата и наместо да бегаат по офшор адреси да платат данок во Финска, ги зголеми финските приходи од данок на капитална добивка за една петина.

Кинезите ја купуваат Америка

Кинезите се најголемиот странски купувач на американски недвижнини. Во последните 5 години во тој сектор вбризгале 110 милијарди долари а во наредните 5, таа цифра ќе ја дуплираат.

И аспиринот станува ГМО?

Ако темата за ГМО ви предизвикува општа малаксаност и главоболка, напијте се апче дур има од 'нормалните': Bayer го купува Монсанто.

Џеф Безос заработи 18 милијарди долари за 3 месеци

Човекот е основач и најголем акционер на Амазон, а на фирмата последниве три месеци посебно добро и оди на берза, што не е така лесно постигнување имајќи предвид дека речиси постојано им оди добро.

Во кинески рудник за Биткоин

Целата операција се случува во предградие на мал кинески град (што е денешната верзија на преку 7 планини, 7 мориња...) и годишно успева да "ископа" околу 8 милиони долари во биткоин. Бидејќи сето ова ниту е легално, ниту е нелегално, комплетниот проект се држи во тајност.

Добриот, Лошиот и банкнотата од 500 евра

Неделава претставниците на Европската централна банка треба да разговараат за иднината на банкнотата од 500 евра, при што најверојатно ќе биде спомнат и случајот на Фабио Рици, италијанскиот политичар уапсен за корупција во чиј дом беа најдени над 17.000 евра, од кои најголемиот дел во 500-ки.

Фолксваген даде рака на 1 милијарда долари отштета

Американската влада, приватни адвокати и Фолксваген се договорија дека последниов ќе даде над 1 милијарда долари за компензирање на сопствениците и плус ќе откупи дел од речиси 600.000 дизел автомобили за кои се покажа дека имаат штелувани резултати на тестовите за издувни гасови.

Како испарија 315 милијарди петро-долари

Во недела во Доха треба да се сретнат 18-те нации кои од почетокот на падот на цената на нафтата во 2014-та имаат потрошено над 315 милијарди долари од своите девизни резерви (или околу една петтина). Само во последните 3 месеци од 2015-та тие избришаа речиси 54 милијарди долари од резервите.

Колку треба да си богат за да ти користи офшор компанија?

Поставувајќи го ова на наједноставен можен начин, професорот по политикологија на Нортвестерн и автор на книгата Олигархија, Џефри Винтерс, објаснува: "само затоа што можам за евтини пари да купам багер, тоа не значи дека багер ќе врши работа за кај мене во двор."

Колку е добро да си германски буџет

Македонија за 2016-та има буџет (на големо фален / оспоруван) од 3,2 милијарди евра. Германија за 2015-та направи вишок во буџетот од 29,5 милијарди евра.

ЦЕО категорија на пензионери

100 луѓе, инаку во секојдневни активности ангажирани како ЦЕО, имаат поголем пензиски фонд отколку 41 процент од американските семејства заедно.