Најголемиот дел од парите одат на постигнување на крајно амбициозните производни таргети за Модел 3, кои ЦЕО-то Елон Маск ги опишува како „производствен пекол“.
Ветувањето на компанијата беше дека до крајот на годинава ќе имаат производство од 5.000 возила неделно, меѓутоа откако сфатија дека не го исполнуваат рокот, решија да го продолжат на неодредено време.
За разлика од Модел Икс и Модел Ес, испораката на Модел 3 е под сите очекувања. Автомобилот од 35 илјади долари, требаше да биде првиот модел што генерира профит и што носи пари во компанијата.
На постојните проблеми компанијата ги додаде плановите за производство на електрични камиони и роудстер.
Тесла треба да собере барем 2 милијарди долари свеж капитал до средината на 2018. Ставот на аналитичарите е дека додека не почне да вади профит, Тесла „останува зависна од трпението и ентузијазмот на берзите и на длабоките џебови на белите витези“.