Мултинационални компании што вредат колку Нејмар

Викендот Нејмар го започна со преселба во нов град и како вработен во нова фирма, подвиг за кој ПСЖ до сега плати рекордни 222 милиони евра. Во баснословната сума не е вклучен ни цент за Нејмар.

Сумата за преселбата на Нејмар од Барса во ПСЖ моментално е историски рекорд во светскиот фудбал. Во изминатата деценија, рекордот редовно се зголемуваше за 5 до 10% на секои неколку години. Во 2009 Реал го купува Роналдо од Манчестер за 100 милиони долари, за четири години подоцна самите да го поништат сопствениот рекорд и за 110 милиони долари да го донесат Гарет Бејл во Тотенхем. Минатата година Манчестер стана господарот на трансферите кога плати 123 милиони долари за да го купи Погба од Јувентус. Цехот за Нејмар е два пати поголем од ова.

На 222-та милиони евра што ПСЖ ги плати, тие на Бразилецот ќе му плаќаат годишна плата од  30 милиони евра (со платен данок), речиси два пати повеќе отколку што земаше во Шпанија.

Кога би бил компанија, купувањето на Нејмар би се рангирало меѓу најскапите европски аквизиции за 2017. Процената на Кварц е дека бразилскиот фудбалер чини исти пари колку и мултинационални компании кои вработуваат илјадници луѓе и генерираат стотици милиони долари во годишни приходи.

Пример холандската ИТ компанија Гетроникс минатиот месец беше купена од инвестициски конзорциум за 220 милиони евра. Гетроникс вработува 4.500 луѓе, работи во 20 држави, и има годишен обрт на пари од околу 500 милиони евра.

Во слични размери е и купувањето на француската апликација за социјално мапирање Зенли, која пред некое време за 212 милиони евра стана дел од Снепчет.

За слични пари годинава меѓу другите беа купени европски компании за недвижности, бродски превоз, гасоводи и патувањa:

 

7 август 2017 - 14:55