Без разлика колку блесава од тукашна перспектива, состојбата во која се наоѓа Убер е нормала за добар дел од американските технолошки џинови: Твитер е во минус за време на целото свое постоење, исто и Спотифај, исто и Снепчет. Фејсбук прави пари, ама му требаше да минат години додека да најде начин како да ги наплати стотиците милиони корисници.
Дури и „продавницата на светот“, Амазон, до пред некое време не носи пари и има слаби профити и покрај тоа што неоспорено владее со глобалната е-трговија, „по пат уништувајќи помали компании кои имаат финансиска смисла, претворајќи го шопингот од главно во минорно обележје во констелацијата на Амазон“.
„Овие компании не прават пари од нивниот секојдневен бизнис; наместо тоа, тие цицаат капитал од инвеститори. Да бидеме искрени: причината заради која користиш Убер е затоа што е евтин.
Ова е делумно затоа што Убер има обемен опсег можности за намалување на платите на своите вработени, меѓутоа најмногу затоа што секој што му плаќа на Убер всушност ужива во сериозно симната цена. Патникот плаќа само 41% од вкупната цена на патувањето со Убер, додека остатокот е покриен од огромните сум пари од инвеститори што се внесуваат во компанијата: на овој начин, Убер може безмилосно да ја уништи целата конкуренција со намалување на цените на традиционалните такси компании.
Ова е начинот на кој овие компании треба да функционираат - работат со загуба се додека не станат речиси монопол, надевајќи се, дека со тек на време кога веќе целосно доминираат со пазарот, ќе можат да им ги вратат парите на своите инвеститори. Токму ова го направија Фејсбук и Амазон.
И Убер има план, и тоа посебно непријатен. Тој никогаш не планираше да биде такси компанија, ова е само привремена фаза. Иднината на Убер најверојатно е во финансирање автомобили кои сами се управуваат: тие ќе ја намалат цената на автомобилот што го купуваш под услов дека кога ќе те остави на работа твојот автомобил да биде слободен да вози на други места, превезувајќи луѓе на повик. Секако, ако ти се расипе автомобилот, ти ќе треба да ја покриеш поправката. Убер планира иднина во која ништо не ти припаѓа тебе, освен оштетувањето,“ пишува Сем Крис во текстот за Вајс.
Второто објаснување на Крис е дека компании како Убер и Амазон, ја пополнуваат улогата што државата ја има во времето на традиционалниот капитализам: „не е нивна работа да создадат профит, туку да ги поткрепат врските на производство за да може на друго место да се направи профит.