Оние кои бараат работа во државите од ЕУ допрва ги чекаат тешки години, предвидува надлежната агенција. Бавниот раст на нови работни места особено тешко ќе ја погоди образуваната младина а сè повеќе луѓе се сомневаат дека инвестирањето во образованието ќе им се исплати.
Еден дански тв автор и водител најпрописно го избламира американскиот претседател покажувајќи како тој на сите светски државници им ги вергла истите (ама буквално истите!) фори и метафори. И после во нивните земји се палат како Обама им порачал ова или она. Мајсторски сработено!
Цели 6 дена и беа потребни на американската армија за да се реши да го објави името на војникот кој пред неколку недели уби 16 недолжни цивили во Афганистан. Што правеле во тоа време? Пробувале да го избришат од интернет.
Забраната за извоз на јајца од несилки одгледувани во кафези предизвикува сериозни проблеми во европската прехрамбена индустрија а цената на јајцата достигнува рекордни висини.
Четвртиот син на Гадафи, Ханибал, е крајно разочаран од револуцијата во земјата, која меѓу другите работи го спречи човекот да купи брод со базен за ајкули.
Спортот и парите. Постои ли економски ќар од давање буџетски средства за врвниот спорт? Повод: Советот на Сакраменто реши да одвои 255,5 милиони долари од градската каса за да се изгради нова арена а Сакраменто Кингс да останат во нивниот град. Се исплати ли тоа?
Независната регулаторна комисија утврди неправилности а главниот снабдувач на населението со струја и гас се согласи да плати милионска казна. Парите не одат во буџетот туку директно им се враќаат на најзагрозените потрошувачи. Така е тоа, во Велика Британија.
Како што кампањата за откривање на Џозеф Кони добива неверојатен публицитет и бројки на интернет (50 милиони прегледувања на ЈуТјуб, 400.000 лајкови на ФБ), така се таложат и критиките за организаторите.
Ситуацијата во куќата на Бин Ладен пред нападот на Фоките, била толку лоша што првиот човек на Ал-Каеда веројатно би им се предал на специјалците само за да се спаси од жените.
Кога се кандидираше за претседател, ветуваше дека медициннската марихуана ќе ја остави на регулативата на сојузните држави и локалните власти. А сега е бетер од Буш.