Според компанијата Visible Measures, која го мониторира растот на кампањата, документарецот успеал за една недела да собере 112 милиони прегледувања.
Во вкупната бројка, на прегледувања на оригиналното видео, додадени се и статистиките за стотиците клипови од кампањата што се аплодирани на интернет. Тука се вклучуваат и верзиите преведени на француски, шпански, италијански и кинески.
За споредба, на Kony 2012 му требаа 7 дена за 100 милиони, на Susan Boyle 9 дена, на Rebecca Black за Friday и требаа 45, а на Charlie Bit My Finger 402 дена.
Експлозивната виралност на Кони 2012 се должи и на тоа што организацијата Invisible Children веќе има огромен број на следбеници на Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер. За разлика од останатите вирални рекордери, ова видео беше по мерка на социјалните медиуми.
"Нивната нарација е направена да може да се стопи во 140 карактери а притоа да не се изгуби емотивноста кај луѓето. Тие создадоа порака која може да биде собрана во хаштаг," објаснува аналитичарката за социјални медиуми Дана Бојд.