Њујорк Тајмс објавува и дека војникот не бил дел од Зелените беретки и дека по три тури во Ирак, во декември 2011-та прв пат бил префрлен во Авганистан.
За уапсениот се знае и дека доаѓа од базата Lewis-McChord, во близина на Такома, која со околу 100.000 војници и цивили е една од најголемите воени инсталации на американската армија.
Инаку, од оваа база дојдоа и четворицата војници кои во 2010-та беа обвинети дека од забава убиле тројца авганистански цивили. На почетокот од годинава 24-годишен воен ветеран од Ирак, кој доаѓа од оваа база, уби ренџер во Националниот парк на Планината Раинер.
Токму оваа база беше прогласена за "најпроблематична база во војската," од војничкиот весник "Stars and Stripes."
Според сведоците, војникот излегол од базата во Кандахар и пешки отишол до соседното село, каде во 3 одделни куќи уби 16 лица меѓу кои и 4 девојчиња под 6 години.