
Бранот специјализирани кражби на производи на Тајд станува толку масовен што некои градови формира специјални единици за справување со овие дела а супермаркетите воведуваат посебни мерки за чување на драгоцената течност.
Тајд е најпрепознатливата марка меѓу производите за хигиена и има стабилна пазарна вредност. Шише што чини 20 долари во малопродажба, на црно лесно оди за 10.
Полицајците го завикале "течно злато" а крадците го сакаат и затоа што нема сериски број по кој можат да бидат фатени.
Неретко се користи и меѓу дилерите на дрога кои даваат метамфетин и хероин за Тајд. "Некогаш тоа го прават пред наши очи. Ги гледаме како шетаат по улица носејќи цели пакети детергенти. Многу се бахати," сведочи полициски офицер за The Daily.