Пред неколку недели сите од Дејли Меил до Хафингтон, објавија за новиот закон кој на мажите во Египет им дозволува да имаат секс со починатите сопруги. Е сега...
Како во најдобрите маалски муабети за тоа како Американците си ја чуваат својата нафта, од САД доаѓа веста дека на средниот Запад на земјата се откриени резерви на нафта еднакви на сегашните светски резерви.
Од сите навивачи на Атлетико Билбао, барем 400 се чувствуваа поглупо од сите останати, во истите моменти кога нивниот клуб ја губеше титулата во Лигата на Европа.
Официјален курс на Пентагон ги учел идните лидери на американската армија, дека за заштита на Америка од Исламот потребни се мерки од типот - Хирошима.
За тие што се подготвуваат за приемен на факултет: Гола вода сте. Следниот пат кога ќе се жалите колку е тежок приемниот нека ви текна на ова - во Кина, вашите врсници чекаат да полагаат приемен со инфузија закачена во вена.
Со кој муабет Камила му се пуштила на Чарлс, како нагалено Филип ја вика кралицата и други детали од новата книга за Елизабета Втора, од биографот Роберт Лејси.
Уредниците на сите 19 изданија на Вог низ светот ветија дека никогаш повеќе во своите списанија нема да објавуваат суви манекенки или модели помлади од 16 години.
Хитлер не се трпел во друштво заради гасовите што ги имал од вегетаријанската исхрана, а човекот исто така имал мерак и на "бело," покажало неговото медицинско досие.
Брус Дикинсон планира да изгради голем авијатичарски центар во Јужен Велс со кој ќе се отворат нови 1.000 работни места. Брус Дикинсон? Да, да, од Iron Maiden.
Боливискиот претседател за Први Мај ја почасти работничката класа со одлука за национализација на шпанската електро компанија која управува со 75 проценти од електричната дистрибуција во земјата. И испрати војска да ги преземат нејзините капацитети.