Брејвик, човекот кој од силни принципи уби десетици деца, на времето бил прилично несигурен за својот "натчовечки" изглед, заради што направил пластична операција за да изгледа по ариевски.
До пред некое време Германците беа речиси еднакво поделени во врска со "спасувањето" на Грција. Сега едната страна почна да доминира, онаа што нема проблем да плаќа во драхми на летниот одмор.
Од април 2011-та до април 2012-та Обама и Ромни имаат потрошено 109 односно 91 милион долари. И тука како и во кампањата комплетно се разликуваат, од тоа кој им е мобилен оператор, до продавницата за хефталици.
Наместо да се правда и објаснува, на овогодинешниот извештај за состојбата на човековите права на Стејт Депарментот, Кина возврати со свој извештај за човековите права во САД.
Јуџин Поли, изумителот чија најпозната креација создава блажена мрза, предизвикува децении домашни расправии и засекогаш го промени начинот на кој луѓето уживаат во телевизијата, почина на 96-години.
По две и пол години соработка со Серџо Тачини, Новак Ѓоковиќ ја заврши соработката со италијанската компанија и потпиша договор со јапонската "Uniqlo."
The World Wildlife Fund го објави годинешниот извештај за тоа како луѓето се однесуваат со планетата. Во него, посебно се истакнува мапата на тема - риби.
Грегоријанскиот календар повеќе не смее да се користи од ниту една државна или приватна компанија / институција во Саудиска Арабија, и во иднина во земјата месеците и годините ќе се мерат исклучиво по Муслиманскиот календар (Хиџра.)
Топлес танчарките на еден од најпознатите ноќни клубови на Париз, решија да започнат штрајк затоа што не биле доволно платени за да го покажат она што го покажуваат.
Затоа што сексуално преносливите болести доаѓаат од жени, а жените одат во странство, нема веќе пасоши за жени, накратко гласи логиката на кинеските власти.
Истиот човек што беше на автобусот што не сакајќи скршна по скриените улици на Пјонгјанг, сега доби бекстејџ пристап на подготовките на една од спектакуларните паради.
Во 2011-та производите на Епл биле покажани или спомнати 891 пат на американските телевизии, а во истата година ги имало и 40% повеќе во филмовите од бокс офисот, отколку во 2010-та.