1-годишната истрага открила 1.800 случаи кои опфаќаат над 1 милион фалсификувани делови. Од овие 70% се со потекло од Кина.
Главна причина за ова биле пропустите во синџирот на набавка на американската армија, и неуспехот на Кина да се справи со производителите на фалсификати.
Иако американската армија имала склучено договор со кинески добавувачи, главниот пропуст бил што во добар дел од случаите на армијата и биле испорачани фалсификат делови со непроверен квалитет.
"Американските војници зависат од мноштво мали и неверојатно софистицирани електронски компоненти, кои ги има во системите ноќно гледање, радија и ГПС уреди. Дефектот на кој било од овие делови го става војникот во ризична ситуација," стои во извештајот.
Во извештајот на комитетот на Сенатот за вооружените сили, посебно се истакнати хеликоптерот SH-60B, товарните авиони C-130J и C-27J и морнаричкиот авион P-8A, како најзагрозени од користењето фалсификувани делови.