Милијардата и не e нешто многу за Дизни

Тоа што The Avengers им донесе 1.2 милијарди долари на Дизни не е лошо, ама и не е нешто спектакуларно добро за студиото.

Математиката е дека до крај The Avengers ќе заработи околу 3,7 милијарди долари (тука се вклучени пари од филмот, играчки и други производи) од кои 1,29 милијарди ќе бидат чист профит.

Во пресметката треба да се земе во предвид дека пред три години кога го купуваше Марвел, Дизни плати 4,2 милијарди долари.

Пред Avengers, Дизни снимаше по два Марвел филмови годишно кои требаа да прават во просек по 517 милиони долари, за компанијата да биде на свое по купувањето на студиото.

Излезе дека целта е преамбициозна, бидејќи филмовите имаа просек од 417 милиони долари. The Avengers ја менува математиката и сега просекот е 437 милиони. Повторно околу 80 милиони долари под посакуваниот просек.

22 мај 2012 - 14:34