Од 4 милиони бебиња родени меѓу јули 2010-та и јули 2011-та, 50,4% доаѓале од малцински групи. За аналитичарите целата работа била само прашање време, бидејќи веќе подолг период има пад на наталитетот кај белата популација во земјата.
Во четири сојузни држави - Хаваи, Калифорнија, Ново Мексико и Тексас - вкупниот број на малцинствата веќе брои над 50%.
Демографите проценуваат дека без растот на латино популацијата, САД ќе имаат надолна стапка на наталитет, како што е сега случај со Јапонија и делови од Европа.
Кога ќе се разделат сите етнички групи (латино, азијати, црнци), белците и понатаму остануваат најголемото мнозинство во земјата.