Во делови од провинцијата Јунан, надлежните почнале да одбиваат да им даваат пасоши на младите девојки, затоа што голем број од нив по престојот во странство на враќање доаѓаат со најразлични полови болести, кои потоа ги шират меѓу локалното население.
Друг проблем е што заради одењето по бел свет на девојките, добар дел од момчињата во покраината остануваат ергени.
Со новата пракса зафатени се сите девојки на возраст од 16 до 35 години, кои можат да добијат пасош само ако одат во странство по налог на владата.
Критичарите на новото правило сметаат дека прво, тоа нема да ги спречи тие што планираат да одат во странство и да работат како проститутки, и второ, дека тоа е погрешен обид на локалните власти да се оправдаат пред критиките за зголеменото ниво на регистрирани венерични болести.