"Заедно и пријателски донесовме одлука дека Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос повеќе нема да биде наш амбасадор," стои во соопштението од Серџо Тачини.
Соработката меѓу Тачини и Ѓоковиќ започна на 1-ви јануари 2010-та и во нивната опрема тој стана најдобриот тенисер на светот. Договорот требаше да трае 10 години.
Како што пренесуваат српските медиуми новиот спонзор на српскиот тенисер е јапонската компанија "Uniqlo." Договорот меѓу Ѓоковиќ и Јапонците треба да биде потпишан во Париз пред почетокот на Ролан Гарос.