Во основа станува збор за млади луѓе, најчесто синови на високи функционери кои ги користат своите семејни врски за да помогнат во потпишувањето на договорите меѓу големи светски компании од типот на Дримворкс, Микрософт, Нокиа и Кинеската влада.
Како што е редот со кралските работи и тука речиси без исклучоци станува збор за врски по семејна основа.
Новинарите на Њујорк Тајмс ја опишале целата пракса и процедура потребна за "наоѓање принц."
"На пример, Вен Јунсонг, синот на премиерот Вен Џибао, е прв човек на државната компанија, на она што наскоро ќе биде најголемиот оператор на сателитски комуникации во Азија. Синот на претседателот Ху Џинтао, Ху Хаифенг, беше директор на државната компанија која го имаше монополот на безбедносните скенери на кинеските аеродроми, пристаништа и метроа. А во 2006. Фенг Шаодонг, зетот на Ву Бангуо, функционер на партијата од вториот ешалон, му помогна на Мерил Линч да го добие договорот за управување со излегувањето на берза на една од најголемите кинески банки, кое беше проценето на 22 милијарди долари," пишуваат Давид Барбоза и Шерон ЛаФраниер за Њујорк Тајмс.
Сами функционери и нивните семејства немаат должност да ја објавуваат својата имотна состојба.
"Најголемиот дел од приходите на семејствата на кинеските функционери може да е комплетно легален. Но комплетно е невозможно да разликуваш меѓу легалната и нелегалната заработувачка бидејќи ниту функционерите, ниту семејствата не мора да го објават своето богатство. Законите за конфликт на интереси не постојат или се премногу слаби, а информациите за бизнисот на политичката елита се редовно цензурирани во државните медиуми," објаснуваат новинарите на Њујорк Тајмс.