Свет

Падна и втората болест

Со сите пари што се вртат во медицината и лековите, со целото знаење што го поседуваат докторите низ светот, човештвото до сега успеа да искорени само една болест. Сега сме на пат да ја "скинеме" втората.

Умешноста да се биде политичар во трагедија

Додека се подготвуваа да зборуваат колку е ужасен другиот, Обама и Ромни ја добија информацијата за пукањето во Аурора, па планот се промени. Не можеа да зборат против другиот, ама и не можеа да не се појават на говорница, бидејќи треба да изгледаат како лидери.

Дали Бургас беше годишнина од Буенос Аирес?

На 18-ти јули 1994-та, 85 лица беа убиени а стотици беа ранети во напад на Еврејското здружение во Буенос Аирес. 18 години подоцна на истиот ден, во Бургас терорист се разнесе себе си во автобус полн со Евреи.

Италија ќе ги укинува празниците

Освен што им ги ограничи парите што може да ги трошат, Марио Монти работи и на ограничување на деновите што Италијанците нема да ги работат.

Бизнис отпорен на рецесија

Распространет е во секоја можна држава, на сите 6 континенти на светот и годишно има приходи од речиси 900 милијарди долари. И не, не е Мекдоналдс.

Мрзлива комедија, за мрзливи Американци

Без разлика што нивните фанови сакаат да веруваат, ама Џон Стујарт и Стивен Колбер не се "секуларните светци" кои го претставуваат златното доба на политичката комедија, пишува во веројатно најголемата критика напишана за двата комичари.

Обама и Ромни како средношколци на екскурзија

Од 4-те милијарди долари (4.000 милиони долари) што Обама и Ромни ќе ги потрошат на претседателската кампања, 80% ќе бидат фрлени во празно, признаваат стратези од двете страни.

Го позлативме ѓубрето

Во електрониката што секоја година се фрла во светот има околу 21 милијарда долари во злато и сребро. Од нив, се вадат само 15%.

Приоритетите на Путин

Прво Путин генерално задоцнил по сите агенди на една државна средба во Украина, по што наместо на состанок продолжил на пијачка со другарите, за на крај на ред да дојде да се види со Јанукович.

НБА пензиски фонд

Играчите на НБА, кои минатата сезона во просек заработија по 5 милиони долари, од сега со сила ќе мора да штедат пари за пензија.

Блиндирано новинарство

Двa мексикански весника добија забелешки на нивните текстови за организираниот криминал во земјата, во форма на гранати и рафали.

"Џуџето"

Демек во последниве 5 години се навикнаа на висок претседател, па сега Французите почнаа да му маваат официјален сеир на Оланд, затоа што бил кус.

Се исплати да бидеш херој во Кина

Откако како на филм ги сопреа Угурите кои сакаа да го киднапираат авионот во регионот Сикјанг, патниците и екипажот на авионот на авио-компанијата Хаинан станаа главни херои во земјата. И добро заработија на тоа.

Има зошто Ким Јонг Ун се смее

Во најтаблоидните вести што некогаш стигнале од Северна Кореја, Ким Јонг Ун во последно време често го гледаат со неидентификувана девојка.

Најспособните се на второ место?

И покрај тоа што постои цела индустрија која се базира на книги и совети од шампионите, најдобрите и најуспешните, новите истражувања покажуваат дека луѓето треба да гледаат што прават тие што завршуваат - втори.

Олимпијада по цена на семестар

50 холандски студенти се казнети што ја пропуштиле јунската испитна сесија - затоа што се квалификувале на Олимпијадата во Лондон.

Фактор Кина

Сериозните жештини на кинеските плажи добија уште посериозно решение, кое (се надеваме дека) нема да го сакате.

Чекајќи го првиот црнец

Обама не можеш да го сметаш за првиот црн американски претседател, максимум што може да добие човекот е дека е првиот "мешан" претседател, порачува Морган Фримен.

Не можеш да силуваш маж

Маж кој се обидел да силува жена е ослободен од обвиненијата, бидејќи излегло дека жената што се обидел да ја силува всушност е машко.

Пуштена најголемата брана на светот

Кинезите ја пуштија и последната турбина од браната Три Клисури, за чија изградба беше раселено население колку речиси половина Македонија.

Извинувањето на Хилари од 100 милиони долари месечно

Хилари Клинтон им заштеди по 100 милиони долари месечно на САД и сојузниците, со еден единствен збор: извини.

Богатство за американските тајни

Само за да се чуваат тајните на САД, годишно се плаќаат над 11 милијарди долари, и тоа без да се сметаат парите што за ова ги трошат тајните служби.

Арафат бил отруен?

Девет месечна истрага на Ал Џезира покажала дека постои сериозна можност дека Јасер Арафат бил отруен во 2004-та.

Стресот со тенк се избива

Ако медитација, голф, коцкање или алкохол не ви вршат работа во справување со стресот, тогаш можете да пробате како ќе ви оди со - тенк.