Рекордните суми што се очекува до крајот на кампањата да ги соберат двајцата кандидати, ќе бидат попусто потрошени, не затоа што така сакаат кандидатите, туку затоа што однапред не знаат што ќе упали.
"80% од трошоците на кампањите одат во ветар. Проблемот е што не знаеме однапред кои 80% се тоа, па заради тоа се оди на се. Токму тоа сега го прават кампањите," објаснува демократскиот советник Марк Мелман.
Проблемот според него е да се одреди која реклама ги добива гласовите а која не.
"Никој не може да седи тука, и да рече дека дополнителен милион, 5 милиони, 10 милиони или 50 милиони нема да направат разлика од неколку стотици гласови во Флорида и неколку стотици гласови во Охајо или Невада," вели Мелман.
Слично мислење има е Марк МекКинион, републиканскиот стратег кој беше советник на кампањите на Буш помладиот и Џон МекКејн.
"Не, не ти требаат толку пари. Ова е смешно. Ова се многу повеќе пари отколку што некогаш биле потрошени," порачува Марк.
Инаку и двајцата аналитичари се согласуваат дека Ромни ќе успее да собере и да потроши повеќе пари отколку Обама и неговите симпатизери.