Стив Алмонд пишува во Бафер, дека шегите на двајцата комичари им се привлечни на Американците, бидејќи тие се "мрзливи."
"Тие го исмејуваат нашиот политички систем без да не инспирираат да направиме нешто во врска со тоа. Тие се добри само да те насмеат неколку пати и толку. Двајцата во најголем дел со корпоративни производи кои делуваат како евтин и моќен опијат за прогресивниот гнев и бес," обвинува Алмонд.
Во критиката, тој објаснува дека за Стујарт и Колбер целта е да се смират и да се омекнат луѓето пред да си легнат (шоуто се емитува пред полноќ), а не да ги подбуцнат.
Како вистински примери за политичка комедија, тој го наведува стендапот на Бил Хикс и цртаните од Саут Парк, кои според него "го напаѓаат и дефанзивниот фанатизам на конзервативците и чувството на моралната супериорност на левицата."