Владата веќе изработи предлог закон за укинување на државните неработни празници, додека кај верските веројатно нема ништо да се промени, бидејќи тоа останува во надлежност на Ватикан.
По предлогот, прво сите градови ќе треба да го префрлат одбележувањето на заштитникот на градот во недела, а истото ќе се случи и со државните празници: 25. април Ден на ослободување од фашизмот, 1. мај Празник на трудот и 2. јуни Ден на републиката.
Од вкупно 11 празници, како неработни ќе останат само 8 денови во годината, од кои само Нова Година е државен празник а останатите се верски.
Поентата на целиот закон е дека зголемениот број на работни денови ќе ја зголеми и продуктивноста. Против законот се побунија организациите чии празници се укинуваат (здруженијата на италијанските партизани, синдикатите), како и угостителите кои објаснуваат дека намалувањето на празниците сериозно ќе им влијае на бизнисот.