Во првиот напад, пред канцелариите на Ел Мањана во градот Нуево Ларедо експлодирала бомба, меѓутоа немало повредени. Пред еден месец, пред истиот весник исто така беше фрлена рачна граната.
По ова следувал напад на две згради во сопственост весникот Ел Норте, на кои била фрлена рачна граната и биле испукани неколку рафали од автоматско оружје. Пред ова весникот објавил дека локалните власти задолжени за сообраќајот, нелегално им продале илјадници сообраќајни таблици на нарко-картелите. Веста била објавена во понеделникот а нападот се случил во вторникот.
По бројките на мексиканската влада, од 2000-та убиени се 81 новинар а 16 се киднапирани. Секогаш станува збор за новинари кои се заинтересирале или пишувале за нарко-картелите во земјата, и секогаш тие завршуваат на најлош можен начин.