Олимпијада по цена на семестар

50 холандски студенти се казнети што ја пропуштиле јунската испитна сесија - затоа што се квалификувале на Олимпијадата во Лондон.

Секој од 50-те казнени спортисти, ќе треба да плати казна, затоа што заради тренинзите не ги извршиле должностите на колеџ или универзитет.

Проблемот е што во цената за една година студии, влегува и уште една "бонус" година што студентите ја добиваат како краен рок во кој можат да ги положат испитите. Ако и тогаш не завршат, тие треба повторно да ја плаќаат годината.

Спортистите се жалат дека требало да бираат дали ќе се тренираат за Олимпијада или ќе учат.

За целиот проблем, од Министерството за образование порачале дека тие имаат одвоено специјален фонд за овие намени, ама дека Универзитетите овие пари ги трошеле за друго. Од другата страна, од Универзитетите порачале дека државата треба повеќе пари да одделува на оваа тема.

Во просек, секој од 50-те спортисти ќе треба да плати околу 3.000 евра за тоа што не ја завршил годината.

7 јули 2012 - 14:32