Државната секретарка објави дека ги средила работите Пакистан, директно извинувајќи се за воздушниот напад на НАТО од ноември минатата година, во кој загинаа 24 пакистански војници.
По ова пакистанските власти се согласија да ја отворат рутата за снабдување на трупите во Авганистан, која минува преку нивна територија.
Токму зборот "извини" беше проблемот во комуникацијата меѓу САД и Пакистан. Клинтон и претходно се обиде да ги изглади односите со Пакистан, изразувајќи "најдлабоко жалење за трагичниот инцидент," но без никаков успех. Конечно, во петокот таа ги изговорила магичните зборови "Се извинуваме за загубите што ги претрпе пакистанската армија."
"Со блокирање на рутата, САД беше присилен да ги користи поскапите рути преку Русија и Централна Азија. Секретарот за одбрана на САД процени дека ова ја чини американската армија дополнителни 100 милиони долари месечно," објаснува Асошиејтед пресс.
Се проценуваше дека оваа сума сериозно ќе се зголеми во следните месеци, кога армијата ќе почне да се повлекува од Авганистан.
За извинувањето, Пакистан не само што дозволи движење по нивна територија, туку и ја намали таксата од 5.000 долари што требаше да се плати за секој американски камион што минува низ земјата. Новата такса е 250 долари.