Чекајќи го првиот црнец

Обама не можеш да го сметаш за првиот црн американски претседател, максимум што може да добие човекот е дека е првиот "мешан" претседател, порачува Морган Фримен.

"Прво нешто што ми паѓа на памет за нашиот претседател е дека луѓето поставуваат една бариера за него... тие лесно забораваат дека Барак имал мајка, и таа била бела, многу бела Американка, Канзас, од средна Америка," изјавил Фримен во интервјуто за НПР, објаснувајќи дека тој е првиот претседател од мешани раси.

Фримен, кој инаку е голем симпатизер на Обама, ги обвинува Републиканците дека намерно прават се што можат за тој да не успее.

"Тој е намерно, намерно спречуван од Републиканците, кои уште на почетокот тргнаа со идејата 'ќе направиме се што е потребно за да се осигуриме дека тој ќе служи само еден мандат.' Ова значи дека никогаш нема да соработуваат со него за ништо," објаснил Фримен.

Морган Фримен за расите:

6 јули 2012 - 10:14