Рускиот претседател имал договорено средба со украинскиот претседател во Јалта, ама непланирано по пат застанал да се види со моторџиите од Ноќни Волци.
"Рускиот претседател пристигнал неколку часа подоцна, но наместо да побрза да се сретне со неговиот домаќин, тој бил да се види со група на руски моторџии од Ноќните волци," пренесува Франс-Прес.
Иако од кабинетот на Јанукович ништо не коментираат за случката, поранешниот министер за надворешни работи Владимир Огризко, смета дека ова е прилично безобразен потег на Путин.
"Наместо да побрза на состанокот, тој застанал на пијачка со моторџиите. По мое мислење ова е дипломатски шамар или неучтивост," изјавил поранешниот министер.