Во рок од една деценија за два пати е зголемена сумата што администрацијата ја троши за чувањето на тајните. Во оваа пресметка не е влезен "буџетот за тајни" на ЦИА и НСА, чиј вкупен буџет исто така се води како државна тајна.
Сумата ги вклучува трошоците како испитување на луѓето кои бараат пристап до тајните документи, обезбедување сефови и посебна компјутерска опрема, обуки на владиниот персонал, и плати за вработените кои прегледуваат кои документи треба да бидат тајна, а кои можат да се пуштат во јавност.
Главна причина за дуплирањето на трошоците е зголемениот број анти-терористички програми по 2001-ва, но исто така и континуираното чување на тајните од Студената војна.