И двајцата кандидати се појавија на закажаните средби, стоејќи пред американското знаме, изоставувајќи секакви знаци со слогани од нивните кампањи. Обама претходно ги повлече негативните реклами од Колорадо, а Ромни ги повлече сите реклами од сојузната држава.
Откако одржа само 6-минутен говор во Форт Мајерс, Флорида, Обама ја прескокна втората станица за денот, порачувајќи "Ќе има и други денови за политика. Мислам дека ова е ден за молитва и размислување."
Ромни на митингот во Њу Хемпшир повика свештеник да каже молитва, по што претседателскиот кандидат на толпата и изјави: "Ан и јас им се приклучуваме на претседателот и на првата дама во сочувството кон сите оние на кои животите им беа уништени во неколку моменти"
За разлика од нив двајца, оние кои не се борат за освојување на повеќе од половина од Американците, не мораа да бидат толку внимателни. Така за републиканскиот конгресмен од Тексас, Луи Гомерт, причина за трагедијата е тоа што Америка ги напушта своите религиозни вредности, додека градоначалникот на Њујорк, побара од претседателските кандидати да кажат како ќе го сопрат вооруженото насилство.