Новинската агенција Синхуа, објави дека компанијата која е сопственик на авионот, ја наградила главната стјуардеса и двајцата членови на обезбедувањето со 159.000 долари во готово (1 милион јуани), стан со вредност од 477.000 долари и автомобил.
Секој од останатите шест члена добил по 80.000 долари во готово, стан од 318.000 долари и автомобил.
Плус на ова, секој до 22-та патници кои биле на летот, ќе добијат доживотно бесплатно возење со авиолинијата.
На сето ова, плус и Администрацијата за цивилна авијација на целиот екипаж му дала 159.000 долари, а локалната власт на Сикјанг, донирала 80.000 долари, кои ќе бидат поделени меѓу целиот екипаж.
Пред да удрат тотал и да се пресметаат, спасувачите ќе треба да ги поделат парите од провинцијалните власти на Хаинан, кои дале 80.000 долари за сите, плус по 16.000 долари за секој од двајцата членови на обезбедувањето.