Фотографиите објавени од Ројтерс направени се на плажите на Цингтао (на Тихиот Океан), каде жените веќе неколку години проблемот со сонцето го решаваат со најлонски маски.
Конкретниов изум е стар 7 години и тој на големо се продава по сите продавници каде што има и опрема за пливање.
Маските се некакво логично решение, бидејќи во земјата и онака повеќе се преферира белата кожа отколку потемнетиот тен.
И покрај ова, првите слики од маските објавени пред некоја година на кинеските блогови, предизвикаа сериозен сеир меѓу тамошната интернет публика.

