"Џуџето"

Демек во последниве 5 години се навикнаа на висок претседател, па сега Французите почнаа да му маваат официјален сеир на Оланд, затоа што бил кус.

Неколку француски весници ја објавија сликата на Оланд од неговата посета на Лондон, на одбележувањето на годишнината на битката кај Ватерло, каде што се сликаше со војниците на почесната британска гарда.

На сликата Оланд е со мајорот Џејмс Колеби, кој изгледа како да е 60-на сантиметри повисок од францускиот претседател.

Коментарите околу сликата се движат од тоа дека Оланд бил како џуџе во споредба со мајорот и "Кутра Франција," "Џуџињата владеат со светот," до референци поврзани со Гуливеровите патувања.

Инаку, Саркози со 165 см е цели 12 сантиметри понизок од Оланд.

11 јули 2012 - 18:38