Анализата е заедничка соработка меѓу универзитетите Оксфорд и Варвик, а во неа на испитаниците им било дадено да играат повеќе партии од една игра.
На крај, највештите играчи завршиле на второ ниво по успех, додека оние кои во вкупниот пласман завршиле на првото место, не биле најспособните играчи туку оние кои некогаш имале среќа или биле подготвени да превземаат големи ризици, кои на крај случајно им се исплателе.
Во истражувањето се објаснува дека копирањето на овие победници, веројатно ќе доведе до разочарување, бидејќи малку е веројатно дека и имитаторите ќе ги послужи истата среќа.
"Екстремниот успех или неуспех, во најдобар случај, се само слаб сигнал за вештина, а најдобрите не треба да се имитираат или фалат. Треба да се учи од ние со висок, но не и вонреден успех, од оние чиј успех може да се припише на солидно знаење и умешност, а не на редок удар на гром," објаснуваат професорите од двата универзитети.