Како член на Македонската Хималајска експедиција, Димитар Илиевски - Мурато на 10. мај 1989. година во 18. часот заедно со придружните членови: Стипе Божиќ, Виктор Грошељ и двајцата шерпаси Сонам и Аџива го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри) и стана првиот Македонец кому му успеал овој подвиг. Таму останале еден час, а за жал при враќањето, Мурато не успеал да се симне во последниот висински логор и засекогаш останал во големата планина.