Во досега најмасовната студија на оваа тема предводена од професори на Универзитетите во Дјук и Остин, биле следени податоци за повеќедецениски однесувања на родители при што се утрврдиле 63 различни облици на родителско учество во образованието на нивните деца.
Споредено со нивниот подоцнежен успех во училиштето, се покажало дека многу родителски облици на плеткање се безначајни а некои дури и пречат во академската кариера. И тоа без разлика на класните, етничките или разликите во образованието на родителите.
За деца во средно, учењето лекции со родителите може да резултира со помали оценки на тестовите бидејќи родителите главно го заборавиле материјалот кој "заедно го учат" или пак и самите никогаш и не го разбрале како што треба.
Не помагаат ни родителите кои постојано се во контакт со професорите а контра-ефекти имаат дисциплинските мерки или стриктните правила колку време треба да се учи.
Истражувачите утврдиле и родителски активности кои фактички им помагаат на децата, како што е читањето на глас или пак разговорите за идните планови во образованието.
И овојпат се потврдила старата вистина дека децата учат не од тоа што им се зборува туку од тоа што им се покажува односно она што го гледаат. Децата од високите средни класи имаат среќа да живеат во населби во кои гледаат многумина високообразовани луѓе и лица со интересни кариери што ги прави позаинтересирани за сопствениот академски напредок.
Единствената разлика се родителите од Азија кои и да не им овозможуваат таква животна средина на своите деца, сепак некако успеваат во нив да ја всадат љубопитноста за продолжување на школувањето.