После Грција европски првак во 2004 и Лестер премиерлигашки шампион во 2016-та, Исланд го направи третото чудо во поновата фудбалска историја откако со 1:2 ја совлада Англија во осминафиналето на Европското во Франција. 10% од вкупната популација на Исланд (330.000) е на Европско во Франција. Тие што останаа, се радуваа на плоштадот во Рејкавик.