Бизнис отпорен на рецесија

Распространет е во секоја можна држава, на сите 6 континенти на светот и годишно има приходи од речиси 900 милијарди долари. И не, не е Мекдоналдс.

Во годишниот извештај на Канцеларијата за дрога и криминал на О.Н. се тврди дека глобалниот криминал годишно достигнува приходи од 870 милијарди долари, што е 6 пати повеќе од официјалната помош за развој што се дели на глобално ниво.

Сумата е еднаква на 1,5% од светскиот бруто домашен производ.

Ова е прв пат организацијата да направи ваква пресметка, заради што од UNODC објаснуваат дека немаат друга бројка со која би ја споредиле сумата.

Во предвид се земени бројките Светската трговска организација, за цената на трговијата со луѓе и од OECD за вредноста на фалсификуваната стока.

18 јули 2012 - 12:31