Првиот пат Ким е сликан како седи до девојката со кратка коса на една претстава во петокот, а потоа следниот ден тој со истата девојка се појави на церемонијата по повод 18-годишнината од смртта на неговиот дедо.
Од тогаш девојката е на сите насловни страни на весниците во Јужна Кореја.
По едни весници, станува збор за една "северно-корејска пејачка, за која се шпекулира дека му е партнерка на владетелот."
Според други, девојката на сликите може да е сестрата на Јонг Ун, Ким Јо-јонг, која ретко се појавува во јавноста.
"Природно е децата на лидерот да бидат вклучени во политиката, бидејќи системот на Северот сериозно се потпира на владејачкото семејство. Сестрата на Ким Јонг Ил, Ким Кјонг-хуи долго време служеше како близок соработник на лидерот и истото го прави и за новиот лидер," објавува Кореа Тајмс.