Го позлативме ѓубрето

Во електрониката што секоја година се фрла во светот има околу 21 милијарда долари во злато и сребро. Од нив, се вадат само 15%.

Во извештајот на Универзитетот на Обединетите Нации стои дека производителите на електроника, годишно користат околу 320 тони злато и 7.500 тони сребро.

Тие пресметале дека електронското ѓубре е 40 до 50 пати побогато со скапоцени материјали, отколку рудата која се вади од земја.

Главниот проблем е дека вадењето на овие метали е ужасно токсично, посебно во земјите во развој, плус процесот кој се користи таму е крајно неефективен, и околу 50% од златото и среброто се губи уште при самото расклопување. Во развиените земји ова се движи околу 25%.

Во извештајот се повикува на изградба на пософистицирани центри за рециклирање на електронскиот отпад, кои ќе можат да ја преработуваат и пластиката и алуминиумот во него.

16 јули 2012 - 12:18