Свет

Кога ќерка ти е "баг-от"

На потрошени 2,7 милиони долари годишно на обезбедување, ЦЕО-то на Делл никако не можел да сфати како цел свет знае за приватниот живот на неговото семејство. Не е батлерот, ќерка му е.

Кои се најбогатите диктатори на светот

Освен луѓе кои се трајно избрани од народот, има и некои што успеваат по неколку децении да победуваат на секој избор, плус неколкумина што по кралска линија ја држат функцијата. Ако се точни математикиве, сметајте дека ал Асад никогаш никој нема да го смени.

Претседателот и братот битанга

Го викаат "господине Претседател," ама ниту живее во Белата куќа, ниту некој го смета за претседател, ниту некој би гласал за него, само е полубрат на претседателот Обама.

Сликици Пабло Ескобар

На страна што треба да бркаат нарко-дилери на мотори, сега полицијата во Медина треба да брка и дилери на албуми со сликици на мотори.

Десантот на Дотком

Акцијата за апсењето на Дотком, дебелкото газда на Мега Аплоад, во основа обвинет за интернет пиратирање (не убиство, трговија со луѓе, продажба на дроги) е планирана налик на акцијата за апсење на најголемиот мексикански нарко-бос.

Како стига ќарот до докторите

Во глобалната афера на Pfizer за подмитување на се и сешто вклучени се и доктори од Хрватска, каде се идентификувани 3 различни модели на подмитување.

Белоруско-шведската војна за мечињата

Белорусија го избрка амбасадор и сите шведски дипломати во земјата и ја затвори својата амбасада во Шведска, откако 879 плишани мечиња беа фрлени од авион на белоруска територија.

Од Малави, без љубов

Хилари Клинтон со бегање ја завршила посетата на Малави, откако целата делегација била нападната од - пчели.

Железница со минус од хамбургери

Во светот на неверојатните американски бројки, Амтрак (железничката компанија која ги спојува двата брега на САД) има минус од 833 милиони долари - и тоа само во секторот храна.

Газдарицата од Сејшелите

Черил Кол нема никаква врска со оваа вест. Таа е овде само затоа што едно време промовираше производи на L'Oreal. А сопственичката на L'Oreal е вмешана во сериозни политичко - финансиски скандали. Е, нејзината слика сакавме да ја избегнеме, барем на насловна.

Градоначалникот да виси

Иако Лондон трпи сериозни критики дека не се снаоѓа најдобро со Олимпијадата, неговиот градоначалник реши дека има доволно време да прави мајмун од себе.

Принцезата и грдата сестра

Карл Лагерфелд со уште една аристократски зла забелешка беспрекорно ја продолжува својата трансформација, од моден дизајнер во стара баба.

Во одбрана на италијанските мажи

Највисокиот суд на Италија одлучи - никој не смее на Италијанец да му каже дека "нема муда."

Дилери против крак

Не мора да и верувате на полиција, не мора да им верувате на невладини организации, ама кога дилери на дрога ќе ти кажат дека кракот е лоша дрога, може има нешто во целата работа.

Три пати мери, еднаш Осама

Барак Обама под притисок на своите советници три пати по ред ја откажувал мисијата за убиство на Осама бин Ладен, стои во новата книга Лидерство од позадина: Колебливиот претседател и советниците кои решаваат наместо него.

ЕУ се цареви

Унијата отвори канцеларијата за делење помош... на Барбадос... на сама плажа... за што ќе плаќаат 2,5 милиони евра годишно.

Калорична вредност на седење

Ловците од Африка кои преживуваат ловејќи зебри и слично, во текот на денот трошат исто калории колку и теткицата што седи пред компјутер на бирото до вас.

Демократија и ботокс за сите

Она што Берлускони на времето го оправдуваше со "Италијанците заслужуваат нивниот премиер да изгледа убаво," ПР експертите го објаснуваат со тоа дека изгледот на виталност и младост е клучен за лидерите добро да котираат кај гласачите.

Американецот во Лондон

Ромни тргна во најчовечка посета на Британија а заврши како најгласниот Американски турист што никој не може да го поднесе.

Никој не сака во новиот Светски трговски центар

Откако конечно започна изградбата на кулата за Светскиот центар 3, целата работа е ставена на пауза бидејќи инвеститорот не може да најде кираџии.

Нуклеарките горат од депресија

"Терористот" што запали американска нуклеарна подморница сред Америка е всушност 24-годишен дечко кој бил во депресија што девојка му го оставила и сакал порано да си оди од работа.

Грција од американска перспектива

За Американците вака изгледаат работите: Грција успеа да ја заглави цела Европа и да ги чини ЕУ и ММФ 240 милијарди евра, со економија помала отколку економијата на Бостон.

Некој ги труе владиците

Неколкумина епископи на украинската православна црква последниве недели биле пренесени во болница каде што им се најдени остатоци од арсен во крвта. Меѓу отруените е и претендентот за поглавар.

Дрес код за публика

Организаторот на Олимпијадата во Лондон успеа да достигне неочекувано апсурдно ниво на глупост, забранувајќи и на публиката носење на одредени брендови на алишта во Олимписките арени.