Демократија и ботокс за сите

Она што Берлускони на времето го оправдуваше со "Италијанците заслужуваат нивниот премиер да изгледа убаво," ПР експертите го објаснуваат со тоа дека изгледот на виталност и младост е клучен за лидерите добро да котираат кај гласачите.

Пластичниот хирург од Менхетен, др. Давид Хидалго направи анализа за Ванити Феир за тоа кои светски лидери се имаат подмладено и што.

Владимир Путин
Претседател на Русија
59 години

Во 2011-та се појавија шпекулациите за подмладениот изглед на Путин, кои се движеа од ботокс до пластична операција.


Др. Давид Хидалго: Докторот се сомнева дека Путин правел каква било операција. "До сега не сум видел добра пластична операција од Русија. Голем број девојки доаѓаат тука со ужасни рани. Плус, Путин не ми изгледа како човек што ќе остави некој друг да го заспие. За ботокс, вие решете."

Силвио Берлускони
Премиер на Италија
75 години

Берлускони воопшто не криеше дека има правено пластични операции. Тој призна дека пресадуваше коса, како и дека бил на хирург за средување на повредата на носот, што ја доби за време на еден митинг во 2009-та.


Др. Давид Хидалго: "Покрај тоа што призна за косата, човеков дефинитивно има правено операција околу очите. Како што можете да видите од сликите, многу се има подобрено (околу очите) со текот на времето."

Себастиан Пинера
Претседател на Чиле
62 години

До сега се шпекулираше дека правел операција само на очните капаци, заради што во чилеанскиот печат го доби прекарот "Берлускони."


Др. Давид Хидалго: За него докторот не може да најде доказ дека правел некаква операција, ама смета дека е одличен кандидат за фејслифтинг.

Муамер Гадафи
Лидер на Либија
Умре на 69 години

За Гадафи се верува дека има направено се од ботокс до пластика. И сето тоа многу лошо.


Др. Давид Хидалго: "Изгледа како да си има играно со инекции, бидејќи е малку чуден околу устата. Исто така сомнителни се веѓите, образите и усните, кои изгледаат малку воздушесто, но не заради стареењето." Зошто би претпочитал ботокс? "За тоа не мора да биде успиен, цело време може да следи што прават."

Дилма Русев
Претседателка на Бразил
64 години

Од затворската слика од 70-те до денес, Русев има нова фризура, нови заби, фејслифтинг и ботокс.


Др. Давид Хидалго: Бразил е преплавен со пластични хирурзи, меѓу кои има голем број навистина добри, "па не е ништо чудно ако направила се она за што се шпекулира," објаснува докторот, кој сите зафати направени на бразилската претседателка ги оценува со 5+. "Изгледа добро. Изгледа како да имала фејслифт и дека било интервенирано на очите, многу внимателно и многу добро."

Кристијана Фернандез де Киршнер
Претседателка на Аргентина
59 години

Киршнер отфрла дека правела каква било операција, нејзините противници тврдат дека ги правела сите можни операции.


Др. Давид Хидалго: "Изгледа како да правела операција на носот дури и на нејзината 'пред' фотографија." Од каде знае? "Има одредени обележја од операцијата кога таа не се прави комплетно природно и некако е претерано, некако по стереотип... изгледа како нос кој би можел да биде направен малку подобро." На списокот докторот ги додава зафати околу очите, ботокс меѓу веѓите и можеби нешто во усната, ама можеби.

Ким Јонг Ун
Врховен лидер на Северна Кореја
29 години

Иако има малку фотографии од младоста на Ким, се претпоставува дека тој има направено неколку операции за повеќе да личи на неговиот дедо Ким Ил Сунг.


Др. Давид Хидалго: "Интересна теорија, ама сепак мислам дека се е до гените - гени и тежина. Би можел да ставиш сало во лицето, ама истото можеш да го добиеш и со здебелување, тоа би била мојата теорија."