Идејата за мечињата е на една шведска ПиАр компанија, која некако успеа да протне цел авион на белоруска територија и да ги расфрла мечињата падобранци, "наоружани" со про-демократски пораки против власта на Лукашенко.
БиБиСи пренесува дека шведскиот амбасадор бил избркан по неговите средби со белоруската опозиција и по делењето на универзитетски книги на тема човекови права.

Инцидентот се случи на 4-ти јули годинава, а од тогаш Лукашенко го отпушти шефот на воздушната одбрана на земјата и шефот на граничната полиција. Нивните замени добија наредба во иднина да не се двоумат да користат сила за да спречат каков бил сличен упад.
Околу целата работа уапсени се и двајца Белоруси за кои се верува дека ја помогнале акцијата.