Како стига ќарот до докторите

Во глобалната афера на Pfizer за подмитување на се и сешто вклучени се и доктори од Хрватска, каде се идентификувани 3 различни модели на подмитување.

Модел 1: Шеф на институција
Ако докторот е шеф на институцијата за одобрување на лекови, производителот му пристапува и бара неговиот лек да биде ставен на листа, а за возврат му исплаќа по 1.200 долари месечно (во конкретниот случај на сметка на банка во Австрија).

Модел 2: Шеф на болница
Ако докторот е шеф на болница, фармацевтот му нуди на докторот да води студија за некој лек, тој собира што е можно повеќе пациенти, а фармацевтот му плаќа по бројот на пациенти што го користат лекот.

Модел 3: Доктор во примарно здравство
Овој е најефтин од трите модели, бидејќи овој доктор има најмало влијание и моќ. Тука договорот е: докторот пишува што е можно повеќе рецепти од одреден лек на одреден производител, а за возврат добиваат награди како патување, симпозиум или нешто слично.

9 август 2012 - 11:34