
Истражувачи од повеќе Универзитети од САД во Северна Танзанија со помош на ГПС уреди, тестови за урина и подвижни системи за мерење на метаболизмот и потрошувачката на калории, ја следеле дневната активност на ловците од племето Хазда. Тие ја мереле километражата што ловците ја минуваат во еден ден (и слични активности) и потрошувачката на калории кога ловците биле активни и кога спиеле.
Сосема очекувано Хазда ловците биле поактивни од просекот на Западното општество, но сосема неочекувано потрошувачката на енергија била слична како и на Запад. Делумно причината за ова е што луѓето од Западните општества согоруваат повеќе калории кога седат, отколку припадниците на Хазда.
Без да го осудуваат вежбањето, истражувачите објаснуваат дека резултатите покажуваат дека разликата во консумираните калории е она што придонесува за дебелината на поединците.