Сите фудбалери, стручен штаб, судии, па сè до сниматели, легнаа на земја за време на фудбалски натпревар во Танзанија кој беше прекинат во 77-ма минута. Збунувачки делува на прва, мислиш пука некој, а тие да се криеле од рој на пчели.
Квалификациите за Светското во Катар кои се играат во Африка деновиве ни носат разно разни занимливи сцени, а последната се случи на мечот Танзанија - Мадагаскар. Домаќините ја изведоа од центар, а гостинските голман со несмасна реакција успеа да направи пенал за рекордни 5 секунди игра.
На јазикот свахили времето се мери од изгресонце до зајдисонце (a.m.) и од зајдисонце до изгрејсонце (p.m.). Бидејќи вообичаено денот почнува во седум наутро, тоа по нивно е 1. А бидејќи сонцето заоѓа во 7 навечер, тоа за нив е повторно 1. Но ако не ја знаете оваа разлика, или ако сте бавни во пресметувањето, ќе бидете тотално збунети.
Уште не може да ги средиме впечатоците од генијалниот начин на кој фудбалер од Академија Пандев спречи контра во Ѓорче и ете ти нова јака епизода од сличен калибар. Бетер е оваа.
Мбвана Самата пред десетина дена стана првиот играч во историјата на Танзанија кој потпишал во клуб од Премиер лига. Дебито кај него дома се гледаше како да е мундијалско финале.
Брајсон Рафаел со страшен полу-волеј постигна гол за неговиот Азам против Сингида Јунајтед на гости. Ако кај нив тоа на гости значи нешто со оглед на полу-празните трибини.
За време на Купот на Независноста во Танзанија меѓу Јанг Африканс и Иринга Јунајтед, илјадници пчели ги нападнале играчите и гледачите. Некои фудбалери експресно легнале на земја и ја покриле главата, а други фатиле џом. Судијата нормално го прекинал мечот накратко зошто и тој бил нападнат. Кога фудбалот продолжил да се тркала, Јанг Африканс славел 4:0.
Капитенот на Танзанија знае да биде многу опасен мангуп со топка, ама неговиот чувар од Бурунди веројатно ја утнал професијата и требал да тренира карате или нешто слично со тепање. Не можеме да се решиме кој повеќе нè импресионира во клипов.
На мечот меѓу овие две селекции од квалификациите за африкански нации Лесото победи 1-0 со гол во 76’ минута, а резултатот можеше лесно да биде поинаков.
Неодамна пишавме за наградата 5 гига Интернет што ја добива најдобриот играч на мечот во едно африканско првенство, но тоа и не е така лошо ако се види што сè не се случува во тамошниот фудбал.
За да умееш да задржуваш време треба да те бива. На пример Џиџи кога зема залет да ја изведе, прво ќе ја крене раката едно 2-3 пати, демек еве сега. Ама тоа е Италија, а ова Танзанија и играње со оган.
Ловците од Африка кои преживуваат ловејќи зебри и слично, во текот на денот трошат исто калории колку и теткицата што седи пред компјутер на бирото до вас.