Танзанија е земја од 60 милиони жители, а тоа се потенцијални нови 60 милиони фанови на Астон Вила. Причината е многу едноставна, бидејќи во овој јануарски преоден рок оваа земја може да се пофали со првиот нивни сонародник кој успеал да облече дрес на клуб во Премиер лигата.
Зделката ја направи Астон Вила која го купи од Генк за сума од 10 милиони фунти. Се вика Мбвана Самата, а предвидувањата се дека ќе стане најпопуларна личност во Танзанија, дури повеќе и од НБА ѕвездата Хашем Табет.
Новиот напаѓач на Вила е син на пензионираниот полицаец Али Самата и растен во Дар ес Салаам, најголемиот град во оваа африканска земја која била утепана од сиромашија.
За него зборува Салех Јембе, спортски уредник од Танзанија.
„Цела земја ќе се претвори во навивачи на Астон Вила, дури и тие што се фанови на Арсенал и Манчестер Јунајтед. Самата го имам сретнато неколку пати, а лани му дадов една награда. Тој е многу тивок, го сака африканскиот фудбал и музика и е многу фокусиран и талентиран. Потекнува од најголемиот град каде живее во една од најсиромашните квартови“.
Јембе објаснува дека се работи за играч кој од мал ги брка своите сонови и смета дека Астон Вила направила полн погодок со неговиот ангажман.
„Вила доби одличен играч, гол машина која го носи прекарот Самагол. Каде и да игра тој е прв стрелец. Никогаш не разочарува и нема да разочара ниту во Англија, ќе видите. Плус секаде беше капитен и во Генк и дома за својата земја. За 2-3 сезони може да стане капитен и во Астон Вила“.
НБА ѕвездата Хашем Табет кој играше во Портланд и Хјустон го сметаат за спортска икона во Танзанија, но според Јембе Самата ќе го престигне во однос на популарноста.
„Ќе биде број во Танзанија и сите сме возбудени поради тоа. Инаку има и некои работи што можеби не ги знаете за него. Даде пари за изградба на џамија за да има луѓето каде да се молат во неговата земја. Ја води и фондацијата Сама Киба заедно со музичката ѕвезда Али Киба. Добри пријатели се и секоја година во Дар ес Салаам организираат фудбалски натпревар за да соберат пари кои се користат за да им се помогне на училиштата. Инаку тој има две деца. Мајка му е домаќинка, а татко му пензионер. Брат му Мохамед е исто така добар фудбал кој игра во Танзанија во среден ред“.
Инаку Мбвана Самата не случајно се проби во Европа каде гради успешна кариера. Зборуваме за најдобриот африкански фудбалер за 2015-та (во тамошна конкуренција), како и најдобар стрелец во африканската Лига на шампиони која таа година ја освои со Мазембе.
Тоа му беше отскочна даска за да излезе од дома и да потпише во 2016-та за Генк на кој му помогна да се квалификува во Лига Европа. Голгетерските квалитети ги потврди како прв стрелец во белгиското првенство.
На 20 јануари Самата потпиша четири и пол годишен договор со Астон Вила, а пред три дена дебитираше во реванш полуфиналето од Лига Купот против Лестер, кое Астон Вила го доби со 2:1 и обезбеди финална битка со Манчестер Сити на 1 март.
Во Танзација веќе е Самата манија во Куп, а кој знае што ќе биде кога ќе дебитира во Премиер лига. Погледнете ги овие сцени.
#Vivaaa @AVFCOfficial pic.twitter.com/oMp7HqDnJP
— ASTON VILLA SWAHILI🇹🇿 (@Astonvilla794) January 29, 2020
Tanzanian watching the game. @Samagoal77_ 💪🏿💪🏿 pic.twitter.com/c3IUajeFCm
— My_son_made me famous😊 (@Imaginary2morrw) January 28, 2020