Во оваа случка јунакот се вика Мани Гамера и е тренер во Танзанија на екипата на Миамбени. Ликов да не се изглупираше на ваков начин, реално немаше шанси да разбереме дека постои тренер во прва фудбалска лига кој парадира по рамбовка.
Целата фора околу неговиот однос кој потсеќа на видеана кои обично ги среќаваме на Фејсбук страната „Сеоски фудбал“, лежи во неговиот бес кон неговиот поранешен клуб Јангомбе.
Гамера успеал да го совлада со 1:0 и од преголема радост истовремено и љутина кон нив, не знаеше како попрво да се изглупира пред нивните навивачи.
„Тие ме отфрлија и ме нарекоа мајмун. Епа денес мајмунот се соблече и ништо не можат да направат околу тоа. Јас сум нивниот сопруг и нивниот татко“, изјави бесниот тренер кој бесрамно фати да им гестикулира, а потоа и ги соблече панталоните.
И не е само тоа видео, туку еве го и како дава изјава и се радува со играчите, ама со ползење на земја.
Мани е суспендиран на шест месеци, а ќе мора да плати и парична казна од 200 долари.